Основана е 2011 година и првичната дејност била галерија  „Јантар“ (називот фирмата го доби според каменот-смолата наречена килибар (на руски Јантар), и е, истотака, увозник за килибар со потекло од Балтик, Калининград (Русија).

Главна дејност на компанијата е трговија, производство и продажба на производи со најдобар квалитет, од коишто дел се од сопствено производство (Изработка на уметнички дела (слики, портрети, карикатури, мозаици, витражи… – и по нарачка), изработка на накит, изработка на новчаници, чанти, накит од природна кожа, продажба на накит и предмети од килибар, а дел се увозни артикли  кои ги набавуваме директно од производителот, реномираниот српски бренд за висока женска мода P.S.Fashion (FB страна P.S.Fashion Skopje). Артикли: конфекција, модни додатоци (аксесоари) – марами, капи, шешири, очила за сонце, ремени, чанти, новчаници, шалови…, украсни перничиња, костими за капење, накит… за којшто Јантар ја има франшизата за Македонија.

Освен брендираната конфекција, имаме и други производи како што се женска, машка и детска долна облека, гардероба, аксесоари, чанти и новчаници од природна и од еко кожа, играчки за деца, облека за деца, училишен прибор и друго.

Ако сакате на едно место да најдете се што ви е потребно за целото семејство, во секое време, со гарантирано најдобар избор и квалитет, најдостапни цени, најдобра услуга едноставно побарајте не и уверете се самите.

Продажно место на P.S. Fashion на се наоѓа во Градскиот трговски центар на 1 спрат, од страната на плоштад, а другите производи можете да ги видите и да ги купите на сајтот.